Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро колумнаОдгледување на енергетски растенија со висок принос на биомаса

    Одгледување на енергетски растенија со висок принос на биомаса

    petel baner

    Денес, светската индустрија се повеќе се свртува кон обновливите извори на енергија (ОИЕ), а биомаса е еден од тие извори.  Биомасата вклучува широк спектар на суровини за производство на енергија. Една од најважните култури за производство на биомаса е Miscanthus giganteus. Поради едноставното одгледување, големиот годишен принос, ниските барања а високите енергетски својства, Miscanthus претставува енергетска култура со голем потенцијал.

    Енергетски култури

    Енергетски култури се оние култури кои се одгледуваат исклучиво заради производство на биомаса. Целта на одгледувањето на овие култури е производство на најголема можна количина на биомаса по единица површина со цел нејзино понатамошно претворање во енергија. Најголема површина под Miscanthus има во Англија. Таму се простира на 60.000 ha, во Германија на 40.000 ha, во Франција на 20.000 ha и во Австрија на површина од 6.000 ha. Растението расте во густи снопови широки до еден метар и по третата година од одгледувањето достигнува висина до 4 m.

    Otkup na kompiri

    Miscanthus giganteus се карактеризира со повеќегодишен раст, високо производство на биомаса (15-20 t/ha од третата година на одгледување) и можност за берба на сува биомаса (влага <16%). Оваа култура е исклучително отпорна на болести и штетници (не се спроведува третман со пестициди). Рационално ги користи хранливите материи, особено азотот од почвата. Бидејќи е стерилен вид, не постои можност за неконтролирано ширење.

    Miscanthus giganteus во моментов најчесто се користи за горење

    Miscanthus giganteus во моментов најчесто се користи за горење, директно согорување за производство на топлина и/или електрична енергија. Со користење на различни технологии на набивање, произведената биомаса се претвара во цврсти биогорива. По процесот на брикетирање/пелетирање, може ефикасно да се користи за производство на „зелена енергија“. Енергетското искористување на оваа култура овозможува значително зачувување на фосилните извори на енергија.

    Енергетската вредност на 20 тони биомаса Miscanthus е еднаква на енергетската вредност на 12 тони тврд јаглен. Додека пак 30 тони е еквивалентна на 12.000 литри мазут. Во споредба со пченката која дава 19 тони биомаса и 1.890 галони етанол гориво, Miscanthus произведува 40 тони и 8.125 галони етанол по единица хектар после 8та година. Во однос на ефикасноста, таа ја надминува маслодајната репка, најраспространетиот извор на енергија од зеленчук во Европа. Кај семето од репка односот помеѓу енергијата вложена во одгледувањето и добиената енергија е 1:2, а кај Miscanthus фантастичен 1:15.

    agrounik

    Може да се користи и за производство на хартија, градежен материјал, био пластика и др.

    Miscanthus giganteus може да се користи и за производство на хартија, градежен материјал, био пластика. Потоа како подлога во сточарството, но и за подобрување на структурата на почвата, намалување на ерозијата и процесите на фитоакумулација. Мискантусните влакна сè уште можат да се користат за производство на геотекстили, стапчиња за украсни растенија, во автомобилската индустрија за производство на веќе споменатата био пластика.

    Имајќи предвид дека ова енергетско растение подолго време се произведува и се користи во земјите на ЕУ но и во регионот, корисно е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), сериозно да ја разгледа оваа можност и да овозможи одгледување на растението Miscanthus giganteus за намалување на енергетската криза но и заштита од ерозија и подобрување на деградираните почви. Во однос на прашањето што би се отворило во МЗШВ и Управата за семе и саден материјал, дали оваа растение е инвазивно, како што е наведено во текстот и дадениот линк со научно истражување, Miscanthus giganteusе стерилен вид, и не постои можност за неконтролирано ширење.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Подготвил М-р Трајче Рушев

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img