Во третото тримесечје од 2022 година вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи изнесува 5 986 245 000 денари и во однос на истиот период лани се зголемени за 20,2 отсто.
Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 5,8 проценти. Додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 47,1 отсто.
Зголемувањето е забележано кај сите производи, освен кај житата.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK