Мирисот на печена тиква најубавиот мирис кој дефинитивно потсетува на есен.
Искористете ја сезоната на најразлични видови тиква кои ги има во изобилство и подгответе ја оваа вкусна пита.
Потребни состојки:
- 500 грама кори за пита
- 1 кг тиква
- 100 грама мед
- 2 лажици шеќер
- 2 лажички цимет
- 2 ќесички ванилин шеќер
- масло по потреба
- шеќер во прав по желба
Начин на подготовка:
Изрендајте ја тиквата и измешајте ја со медот, шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот. Секоја кора попрскајте ја со масло, рамномерно намачкајте ја со една лажица фил и завиткајте ја. Повторете го процесот со секоја кора и ставете ја на плех обложен со хартија за печење. Печете ја питата околу дваесет минути, на температура од 180 Целзиусови степени.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK