Печурките би можеле да станат алтернатива за биоразградлив материјал наместо пластиката што се користи во батериите и компјутерските чипови. Ова ќе го олесни рециклирањето, според новото истражување.
Експертите од Универзитетот Јоханес Кеплер во Австрија дојдоа до ова откритие за време на истражувањето на флексибилната електроника, со фокус на одржливи материјали за замена на неразградливите.
„Откритието го дојдовме сосема случајно“, изјави за Си-Ен-Ен физичарот Мартин Калтенбрунер од Универзитетот Јоханес Кеплер.
Имено, тимот во тоа време размислувал да користи материјал добиен од печурки за употреба во други полиња. Сепак, тие открија дека кожата на печурката Ganoderma lucidum може да послужи како замена за основата што се користи во електричните кола, која ги изолира и лади проводните метали. Оваа основа обично е направена од неразградлива пластика која се фрла по употреба.
Може да издржи температури над 200 Целзиусови степени
Тие забележале дека оваа габа, која најчесто расте на скапани дрвја во Европа и Источна Азија, има компактна заштитна кожа направена од мицелиум, мрежа слична на корен, со која ја штити подлогата на која расте, односно дрвото.
– На овој начин габата спречува навлегување на други габи или бактерии“, изјави Калтенбрунер.
Експертите ја отстраниле таа кожа и ја исушиле. По сушењето, таа беше малку послаб изолатор од пластиката. Сепак ја исполнуваше својата функција во електричните кола и можеше да издржи температури повисоки од 200 степени Целзиусови.
Целосно деградира во рок од две недели или помалку
„Оваа кожа има многу својства што ја издвојуваат од другите биоразградливи материјали. Најважно е што едноставно се одгледува од отпадно дрво и не бара интензивна или скапа обработка“, вели Калтенбрунер.
„Нашиот мицелиум може да трае долго ако се чува сув, но во стандардниот домашен компост тој целосно ќе се распадне во рок од две недели или помалку“, додаде тој.
Иако работата на тимот моментално е експериментална и далеку од масовно производство, истражувачите веруваат дека биоразградливата кожа може да биде остварлив алтернативен материјал за употреба во електрониката која не бара долготрајни електрични кола.
Истражувањето, насловено како MycelioTronics: Габична мицелиумска кожа за одржлива електроника, беше објавено во списанието Science Advances.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK