Лимонот е богат со витамин Ц, а неговиот сок благотворно делува на нашиот организам. Посебно пријатна, лимонада е наједноставниот, освежителен пијалок, кој го подготвуваме секој ден во лето.
Ви носиме рецепт за нешто поинаква и уште повкусна – црвена лимонада!
Состојки:
- 2-3 лимони
- Бобинки, замрзнати или свежи
- 2 dl сок од бозел
- 3 dl вода
- Природен засладувач
Подготовка:
Ставете неколку бобинки во садот за мраз и истурете вода до врвот. Ставете го во замрзнувач најмалку половина час. Исцедете свеж лимон и внимателно проверете да не паднала некоја семка внатре. Доколку не сте сигурни дали ќе имате доволно сок, изгмечете го лимонот со рака пред да го исцедите. Додадете вода, природен засладувач и измешајте.
Додадете сок од лимета во лимонадата и добро измешајте. Во чашите ставете го замрзнатото овошје, додадете ја мешавината од лимонада и бозел и послужете ладно. По топењето, овошјето ќе даде одличен вкус и ќе ја промени бојата на лимонадата.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK