Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-4.2 C
Skopje
Tuesday, November 26, 2024

More
    домаАгро ВестиПочна откупот на тутун

    Почна откупот на тутун

    petel baner

    Откупот на тутун од годинашната реколта е започнат. Четири откупни компании од 10-те регистрирани во земјава ги отворија своите пунктови.

    Годинашната реколта е договорена на над 25 000 тони, но се очекува да биде помала, иако е поголема од ланската и е поквалитетна.

    Тутунарите се на вагите и велат дека проценката е реална, но цените не ги покриваат трошоците и покрај тоа што се за 20 отсто зголемени.

    Otkup na kompiri

    „Задоволен сум од проценката, но не сум задоволен од висината на цените. Според трошоците и вложениот труд некаде под 400 денари не треба да биде просек на килограм тутун“, рече Звонко Ристески, тутунопроизводител од Прилеп.

    „Имам 2,5 декари, еве овој првиот добро помина, но треба да биде 400 денари тутунот. Затоа што килограм пилешки стек е 400 денари“, додаде Миле Спиркоски, тутунопроизводител од Прилеп.

    „38 до 40 картони донесовме, добро е засега, убаво поминува“, изјави Сејбие Салиоска, тутунопроизводител од Прилеп.

    Од Тутунски комбинат Прилеп велат дека се подготвени на сите пунктови за откуп и очекуваат добра реколта.

    „Денеска започнуваме, почнуваме секаде, на 28 ваги, 23 пункта, со околу 4.000 кооперанти и очекуваме добра реколта“, истакна Кире Станкоски, директор на Тутунски комбинат Прилеп.

    Во моментов има регистрирано 10 откупувачи од кои 8 доставиле динамика за откуп до Државниот инспекторат.

    „Ние сме постојано на терен во сите региони на државава. Доколку има проблем имаме истакнат број за некакви сугестии или проблеми“, рече Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

    agrounik

    Од Сојузот на на земјоделски здруженија очекуваат дека ќе има борба кој да откупи повеќе тутун, затоа што нема. Од бараните околу 26 милиони килограми, годинава нема да има повеќе од 19 милиони килограми.

    „Очекуваме дека и проценката ќе биде полабава и сите фирми веќе ги покачија цените. И очекуваме дека добро ќе биде проценет нашиот род“, потенцираше Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на на земјоделски здруженија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Крајниот рок да почне откупот на тутунот е 15 декември.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img