Глог – силен заштитник на здравјето кој многу се користи во народната медицина. Народот верува дека од него се плашат сите демони, а особено демоните на болеста.
Цветот и плодот на глог долго време се користат за лекување на срцеви заболувања, висок крвен притисок, нервоза, вртоглавица, несоница, гушење, помага при грчеви во матката и цревниот тонус.
Глог (науч. Crataegus) е група од средновисоки грмушки со разгрането стебло, од фамилијата рози. Гранките се жилави и тврди и полни со трње. На пролет, цветовите се со бела или розова боја, а плодот е со темноцрвена боја собран во метличесто соѕвездие. Глогот може да се најде под падините на било која планина при крајот на летниот и почетокот на есенскиот период.
Глогот со векови многу се користел во превенција и третман на болести. Во водечките земји во светот со развиена биомедицина, глогот зазема многу важно место, додека во кинеската медицина е меѓу првите пет најлековити растенија.
Плодовите содржат есенцијално масло, танин, сапонин, гликозиди и фруктоза. Има значителна количина на алуминиум, калиум, натриум, калциум и фосфорна киселина. Богат е со витамин Ц и провитамин А, витамини К и Е, лимонска и винска киселина.
Иако првенствено е позната како билка за третман на срцеви заболувања, глогот е една од билките со најсилен смирувачки ефект и има корисен ефект врз нервниот систем.
Помага при замор, недостаток на енергија, несоница, вознемиреност, тешко дишење, вртоглавица, чукање на срцето, нервоза, тинитус, анемија…
Може да се искористи за да помогне при губење на тежината, бидејќи го промовира протерувањето на вишокот вода од организмот. Глогот го зајакнува сврзното ткиво на зглобовите, а заради своето антиинфламаторно дејство, се препорачува за пациенти кои имаат различни воспалителни состојби, но треба да се избегнуваат од бремени жени, доилки и деца под 12 години.
Глогот најчесто се консумира како чај без разлика дали се користат сушени бобинки, цветови или лисја.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK