Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиИзглед на здрави и болни животни

    Изглед на здрави и болни животни

    petel baner

    Здравите животни се движат нормално, со задоволство земаат храна и пијат вода, живи се, имаат јасен поглед и жив добар изглед, брзо реагираат на надворешните дразби.

    Околината на природните отвори (очи, нос, уста и муцка) обично е чиста. Тие дишат рамномерно, мирно и ритмички, а влакното им е сјајно. Здравите животни уринираат и вршат нужда без тешкотии и во одредени временски интервали, а појавата на измет и урина е специфична за секој вид животно.

    Otkup na kompiri

    Температурата на телото е сигурен показател за здравствената состојба и кај здравите животни ги има следните вредности:

    Температурата на телото на здрави животни

    Возрасни говеда 37,5 – 39,5°C
    Свињи 38,0 – 40
    Овци 38,5 – 40,0
    Коњи 37,5 – 38,5
    Телиња, прасиња и јагниња до 40

    Температурата на телото на болните животни обично е покачена, дишењето е неправилно и забрзано, а пулсот е забрзан. Болните животни лежат или стојат мирни, не се среќни, главите им се опуштени и изгледаат поспано.

    agrounik

    Тие не сакаат да јадат или воопшто не земаат храна. Преживарите престануваат да преживуваат или го прават тоа поретко. Тие полека реагираат на надворешните дразби. Ако лежат тешко стануваат или не можат да станат, а кога се движат, одат нестабилно или се тетерават.

    Влакното на болните животни е накострешено, нема сјај и може да биде залепено од пот. Природните отвори се валкани, а на очите и носот се појавува карактеристичен исцедок. Дефекацијата и мокрењето се нарушени (дијареа, запек или животното не уринира, или урината е заматена). Може да има крв, слуз или гној во столицата и урината, а може да се забележат и паразити во столицата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Однесувањето и изгледот на болните животни се многу различни, што зависи од видот и тежината на болеста. Помалку изразените паразитски болести не предизвикуваат изнемоштеност и застој во растот на заболената единка и нивното месо е со послаб квалитет.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img