Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Thursday, October 17, 2024

More
    домаАгро ВестиПченицата одгледувана во затворен простор постигнува високи приноси?

    Пченицата одгледувана во затворен простор постигнува високи приноси?

    petel baner

    Контролираните услови, без пестициди и земја, дадоа високи приноси. Дали ова производство ќе обезбеди глобално снабдување со храна?

    По зелената салата и зачинските растенија, пченицата го освојува производството во затворени простории. Барем така пишува на веб-страницата на компанијата за вертикално земјоделство – Infarm. Таа успеала да го одгледува ова зрно во затворена фарма без земја или хемиски пестициди. Во такви контролирани услови се постигнала заштеда на вода, бидејќи било потребно многу помалку во споредба со одгледувањето на отворено.

    Otkup na kompiri

    Висок принос на жито

    По првата фаза на тестирање, се смета дека годишниот принос на 1 m² може да биде 11,7 kg, што е еквивалентно на 117 t/ha. Ова е 26 пати повисок принос отколку во случај на одгледување пченица на отворено поле.

    Врз основа на досегашните резултати, се предвидува дека оваа технологија ќе стане главен столб на глобалното производство на храна.

    agrounik

    „За да продолжиме да ја храниме растечката светска популација, треба да постигнеме високи приноси“, рече техничкиот директор и ко-основач на компанијата,  Гај Галонска. Тој додаде дека во експериментот докажале дека тоа е можно да се постигне за пченицата во контролирана средина. Споредено со просечниот принос на отворен терен, кој е околу 4,5 t/ha годишно, поради влијанието на годишните времиња и временските услови, резултатите се повеќе од одлични.

    Пресвртна точка за безбедноста на храната

    Откритието би можело да го зголеми производството на оваа житарка за дополнителни 50 проценти со комбинирање на подобрена генетика и компјутерско прилагодување на важни параметри, бидејќи надворешните влијанија не влијаат на растенијата кои се целосно заштитени и се развиваат во оптимални услови без присуство на организми кои предизвикуваат болести и штетни организми.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Бидејќи пченицата сочинува до 40 проценти од дневниот внес на протеини, ова е пресвртница за глобалната безбедност на храната.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img