На сметките на 5.525 млекопроизводители се исплатени се субвенции од вкупно 75.671.467,00 денари за мерката 2.3 која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо , овчо и козјо млеко.
Исплатите се однесуваат на предадено млеко во месеците август и септември 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.
Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.
“Со денешната исплатата за месеците август и септември ја заокружуваме како целосна исплатата за млекопроизводителите за фазата октомври 2020 – септември 2021 . Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките “ – информира директорот Бачовски. За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер. Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK |