Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро ВестиЕвропратениците гласаат за намалување на заштита на волците

    Европратениците гласаат за намалување на заштита на волците

    petel baner

    Со 306 гласа „за“, 225 „против“ и 25 воздржани ја повикаа Европската комисија да го олесни статусот на заштита на волците и мечките.

    Европскиот парламент изгласа резолуција за слабеење на заштитата на овие диви животни. Пратениците во четвртокот го поддржаа намалувањето на статусот на зачувување на волкот според Бернската конвенција за заштита. Тие, исто така, ја усвоија опцијата за флексибилна помош за погодените земјоделци.

    Во последните десет години бројот на волци во Европа е значително зголемен. Според податоците на Меѓународната унија за зачувување на природата, на Црвената листа на загрозени видови во 2012 година имало 12.000 волци. Во 2022 година се очекува тој број да се зголеми на 19.000 во 27 земји-членки. Во цела Европа тој број би можел да биде 21.500.

    Мнозинството ја поддржа резолуцијата

    Со 306 гласа за, 225 против и 25 воздржани, тие ја повикаа Европската комисија да го олесни статусот на заштита на волците и мечките. Тие наведуваат дека во ЕУ се зголемува бројот на неколку строго заштитени видови крупни месојади. Тие изразија загриженост за се почестите напади на добиток од волци, како и за заканата по животот на луѓето.

    Agrobot

    Европратениците бараат Комисијата да продолжи да ги проценува и надгледува големите популации на месојади. Потоа, штетите предизвикани од нивните напади и да поттикне подобра прекугранична соработка меѓу земјите-членки додека месојадите се движат на долги растојанија. Неопходно е научно да се идентификуваат најдобрите можни превентивни мерки за намалување на нападите.

    Повеќе средства за земјоделците

    Надоместокот за сточарите во случај на напад варира од земја до земја. Тие не секогаш ја добиваат целата сума за претрпената штета. Неопходно е да се размисли за измена на упатствата на земјите-членки. Така би се олеснила компензацијата за штетата предизвикана од големите предатори. Најголем притисок трпи секторот овчарство и козарство. Неопходно е да се идентификуваат долгорочните опции за финансирање за превентивни мерки, соодветна компензација за претрпените загуби, трошоците настанати како резултат на напади од големи животни и мерки за ублажување.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Критика на резолуцијата

    Бројни организации за заштита на природата ја критикуваа усвоената резолуција. WWF Europe наведува дека тоа е во директна спротивност со научните податоци. Ова гласање е последно во низата обиди во изминатите неколку години да се намали статусот на правна заштита на големите месојади, особено на волците.

    Од оваа организација објаснуваат дека наместо да ја промовираат бајката дека убивањето ќе ги реши сите проблеми, европратениците треба да се фокусираат на веќе достапните решенија. Земјоделците да добијат отштета за штетите и поддршка за спроведување на превентивните мерки.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img