Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Friday, May 3, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКУМКВАТ: Лековито овошје, раѓа во зима и лесно се одгледува во саксија

    КУМКВАТ: Лековито овошје, раѓа во зима и лесно се одгледува во саксија

    petel baner

    Кумкват или јапонски портокал е цитрусно овошје кое има низа позитивни ефекти врз нашето здравје. Многу е вкусно, а од сите цитрусни овошја најлесно се одгледува во саксија. Раѓа богато и со децении.

    Кумкват се всушност мали портокали, кои обично се консумираат цели (со кора) додека созреваат и даваат кисело-сладок вкус. Може да се користат и за подготовка на мармалад, џем, слатко.

    Дрвото изгледа убаво во саксија. Тоа е мало зимзелено дрво, кое има темнозелени кожести листови и дава портокалови овални плодови. Произведува многу обилно, а интересно е што кората на плодот е слатка. Месото на јапонскиот портокал задржува неколку семки и има прекрасен слатко-кисел вкус кој совршено се вклопува со уште послатката кора.

    Растението е многу отпорно на студ, а може да издржи и температури до минус 12 Целзиусови степени. Цвета во лето, а созрева кон крајот на октомври, почетокот на ноември. Плодовите можат да останат на дрвото месец до два по созревањето. Силниот мирис на цитрус во средината на летото е нешто што ќе ве воодушеви секоја година.

    Кумкват и лековитост

    Кумкватот е многу лековит. Тој е феноменален извор на витамин Ц, а раѓа плод во зима, кога овој витамин ни е најпотребен. Го зајакнува нашиот имунитет и штити од канцерогени заболувања, бидејќи содржи големи количини на флавоноидни фитонутриенти како што се каротин, танин и зеаксантин. Антиоксидансите и фитонутриентите го штитат организмот од слободните радикали кои се одговорни за многу болести.

    Го подобрува кардиоваскуларното здравје, го намалува покачениот холестерол и триглицеридите во крвта, што влијае на добриот проток на крв и го намалува ризикот од мозочен и срцев удар.
    Заштитува и од дијабетес и појава на воспалителни процеси во организмот.

    Можете да го одгледувате ова дрво во поголем сад, дури и на внатрешен двор. Со соодветна грижа, дрвото кумкват носи вкусни плодови со години.

    Одгледување и грижа

    Во наши услови кумкватот најмногу се одгледува во саксии. Можете да користите и дрвена жардинера или убаво поголема украсна саксија или било кој поголем сад кој има дупки на дното за цедење на вишокот вода.

    Одгледувањето е исклучително лесно. Потребна ви е стандардна почва за цитрус, а растението од вас очекува наводнување и хранење. Кумкватот не треба да го кастрете, бидејќи се работи за џуџеста сорта, висока околу 150-180 см, која дава многу голем број плодови.

    Градинарската почва не се препорачува. Воопшто не треба да се користат различни видови глинена почва, бидејќи многу тешко се сушат, што негативно ќе влијае на здравјето на корените на растението. Како што напоменавме, со цитрусна почва нема да имате грижи, а нема да мора ни да размислувате за pH рамнотежата на почвата.

    Кога ќе го пресадите расадот во саксија, треба да го преместите на место што е во делумна сенка, заштитено од ветер. Кога растението ќе закрепне од пресадувањето, преместете го садот на сончево место. Многу сонце е многу важно за кумкватот, бидејќи тоа е тропско растение.

    Кога топлината е навистина силна, преместете го на место каде што има индиректно сонце, бидејќи директното сонце може да ги испржи листовите на растението.

    Ако остане во затворен простор, ставете го во близина на прозорец каде што има многу светлина, но индиректна сончева светлина.

    Наводнување и хранење

    Наводнувајте го растението редовно за да ја одржувате почвата влажна, но не премногу влажна. Доколку се случи да сте пренаводниле, листовите на растението ќе се опуштат, ќе изгледаат како да венеат и ќе почнат да пожолтуваат. Истото ќе се случи ако дрвото е жедно, односно не сте полиле доволно вода.

    Меѓутоа, ако почвата е премногу влажна, можете да го извадите дрвото надвор или да го ставите во када, да ја извадите чинијата од под саксијата и да ја оставите земјата да исцеди. После тоа, можете да го прилагодите распоредот за наводнување.

    Прихранувајте го вашиот кумкват редовно секој февруари, мај и август. Користете прихрана за цитрус.

    Agrobot

    Заштита во зима

    Кога ќе дојде зимата и кога температурата ќе падне, се препорачува растението да се внесе внатре. Ставете го во близина на прозорецот каде што има најмногу светлина и сонце. Ако остане надвор, а температурата падне под издржливоста на растението, може да умре буквално за 12 часа. Не сакаме тоа да се случи.

    Бидејќи имаме греење во куќите и становите, најдобро е од време на време листовите да се прскаат со вода.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кумкватот е подготвен за берење кога плодовите се меки на допир и темно портокалови. Се препорачува да се исечат од дрвото со ножици, да не се кинат плодовите, за да не се оштети растението.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img