Во зима, кога и онака сме преоптоварени со калории, сувите кајсии можат да бидат идеална ужина во која можеме да уживаме без каење.
Во сувите кајсии има дури 12 пати повеќе витамин А отколку во свежите. Имаат и неколку пати повеќе калиум од бананите, што многумина го фалат токму поради овој минерал. Како и другите сушени овошја, кајсиите имаат многу влакна, па затоа се добри за варењето.
Го чуваат срцето, ја поправаат крвната слика
Сувата кајсија содржат голема количина калиум, минерал кој е важен за нормалната работа на сите мускули, особено срцевиот мускул. Само пет суви кајсии ја задоволуваат потребата на организмот од овој минерал и значителен дел од потребите за железо. Витаминот Ц кој го има во кајсиите ја олеснува апсорпцијата на железото, што е многу важно за оние кои страдаат од анемија.
Го ублажуваат стресот
Магнезиумот, минерал со кој изобилуваат сувите кајсии, го ублажува стресот, додека витамините од Б комплексот ги зајакнуваат нервите. Ова овошје е одлично и за личности кои страдаат од зголемен холестерол бидејќи може да ги замени грицките полни со маснотии. Кајсиите треба добро да се изџвакаат бидејќи така го поттикнуваат варењето и циркулацијата во горната регија.
Состојки на кајсиите:
100 g суви кајсии | 100g свежи кајсии |
63g јаглени хидрати | 11g јаглени хидрати |
53g шеќер | 9g шеќер |
0,5g масти | 0,4g масти |
3,4g протеини | 1,4g протеини |
2,7mg железо | 0,4mg железо |
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK