домаАгро ВестиЕУ потроши 15,2 милијарди евра за увоз на производи за обновливи извори...

ЕУ потроши 15,2 милијарди евра за увоз на производи за обновливи извори на енергија

Prokredit baner

Европската унија во 2021 година потроши 15,2 милијарди евра за увоз на “зелени” извори на енергија, кои меѓу другото вклучуваат ветерни турбини, соларни панели и течни биогорива од земји надвор од ЕУ.

Истовремено, минатогодишниот извоз на тие производи од ЕУ во земји надвор од 27-члениот блок бил вреден 6,5 милијарди евра, објави европската статистичка агенција Еуростат.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

Конкретно, минатата година ЕУ увезе соларни панели во вредност од 11,2 милијарди евра, течни биогорива во вредност од 3,4 милијарди и ветерни турбини за 0,6 милијарди евра од трети земји.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Вредноста на увозот на соларни панели и течни биогорива значително го надмина извозот на овие стоки од европскиот блок, кој беше вреден 2,0 милијарди евра, односно 1,3 милијарди евра.

Petel.mk

За разлика од нив, извозот на ветерни турбини во земјите кои не се членки на ЕУ бил далеку поголем од вредноста на увозот и достигнал 3,3 милијарди евра, покажуваат информациите на Евростат.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img