Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиНеверојатен трик да го спречите 'ртењето на компирот и венење на салатата...

    Неверојатен трик да го спречите ‘ртењето на компирот и венење на салатата и краставиците…

    petel baner

    Неверојатен трик – Веројатно ви се случило да оставите зеленчук како компир во кеса или во сад во оставата. По некое време гледате дека проникнал.

    За да спречите вакви и слични ситуации, ви откриваме неколку совети кои ќе ви овозможат да ја користите храната без страв дека брзо ќе се расипе. 

    Otkup na kompiri

    Лимон

    Може да го користите подолго, особено ако се чува во фрижидер. Кога ви требаат неколку капки сок од лимон, само отворете мала дупка во него, исцедете го и вратете го во фрижидер. Ќе видите, речиси ништо нема да се промени на него. 

    Печурки и домати

    Чувајте ги печурките и доматите во хартиени кеси бидејќи тие нема да испуштаат состојки кои го поттикнуваат расипувањето на овие намирници. Доматот треба да стои свртен кон стеблото. Ако немате доволно простор, стеблото можете да го покриете со селотејп, што ќе спречи воздухот да продре во зеленчукот. Останатите парчиња домат можете да ги наредите над тие залепени примероци.   

    Целер и брокула

    Сепак, подобро е целерот и брокулата да се чуваат во фолија, која ќе им го продолжи рокот на траење.

    Компир

    За да го одржите компирот свеж и да го спречите неговото ‘ртење, ќе ви помогне зрело јаболко, едноставен и неверојатен трик, но вистинит. Доволно е само да ставите едно јаболко до компирот и можете да избегнете многу проблеми.

    agrounik

    Марула, краставици и тиквички

    За да ја зачувате свежината на марулата, краставиците и тиквичките, треба само да ги чувате овие зеленчуци во фрижидер во пластична кеса од која претходно сте го извадиле воздухот. 

    Колачи

    Правилно го прочитавте ова, ако сте направиле поголема количина колачи или ако ви останале по празниците, можете да ги чувате во фрижидер со парче леб. Ќе ја впие целата влага и ќе спречи расипување на слатките. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Банани

    Ќе го спречат нивното гниење ако врз стеблото ставите фолија. Доколку бананата почне да се расипува, едноставно исечете ја на парчиња и ставете ја во замрзнувач.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img