домаАгро ВестиРусија донира вештачко ѓубриво на Африка

Русија донира вештачко ѓубриво на Африка

Prokredit baner

Пратката од 20.000 метрички тони ѓубриво е прва во серијата извозни пратки наменети за Африка во наредните месеци.

Првата пратка ѓубриво од руско производство е испратена од Холандија во Малави, како дел од однапред договорената спогодба за извоз, се вели во соопштението на портпаролот на генералниот секретар на ОН.

Пратката од 20.000 метрички тони ѓубриво е прва во серијата извозни пратки наменети за Африка во наредните месеци, рече портпаролот.

Семенарна хоризонтален банер

Договорот постигнат со посредство на ОН, склучен во јули, беше обновен претходно овој месец и со него се овозможува извоз на жито од одредени украински пристаништа на Црното Море, како и извоз на ѓубрива од руско производство и покрај руската инвазија на Украина.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Русија го суспендираше своето учество во договорот на четири дена во октомври, но подоцна повторно се приклучи.

Овозможувањето да се извезат донираните 260.000 метрички тони руски производи за ѓубриво складирани во Европа „ќе послужи за ублажување на хуманитарните потреби и спречување на катастрофална загуба на посевите во Африка, каде што моментално е сезона на садење“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. .

Petel.mk

– Обединетите нации продолжуваат со интензивните дипломатски напори со сите страни за да обезбедат непречен извоз на клучните прехранбени производи и вештачки ѓубрива од Украина и Русија, изземени од режимот на санкции, на светските пазари, додаде портпаролот.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img