Повеќе од 5.500 пеликани починаа во последните недели во Перу поради појава на птичји грип.
Неколку плажи се преполни со трупови на мртви пеликани, а некои се пронајдени во заштитени подрачја. Биолозите велат дека повеќе од 13.000 птици се убиени од вирусот на птичји грип – Х5Н1.
Перуанските власти прогласија здравствена тревога за да спречат ширење на вирусот.
Х5Н1 може многу брзо да се шири меѓу птиците преку нивниот измет и плунка.
Вирусот може да се прошири и на луѓето ако се во близок контакт со заразена птица, но научниците велат дека сегашниот вид се чини дека претставува мал ризик за тоа.
Перуанските власти ги предупредија луѓето да не допираат диви птици или нивните трупови. Од луѓето исто така се бара да ги известат здравствените власти доколку забележат мртви птици.
Покрај избувнувањето во Перу, во моментов бран птичји грип има и во Европа и во САД.
Оваа година птичјиот грип уби особено голем број диви птици, а особено настрадаа птиците кои живеат покрај морињата.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK