Комбинацијата на мед и сусам е идеална и често би требало да се најде на вашето мени. Не само поради одличниот вкус, туку и поради тоа што претставува ризница на здравје.
Ова природна смеса од мед и сусам е одличен извор на витамини, посебно од групата Е, А и Б, како и минерли и омега киселини. Се препорачува да се зема во утринските часови на празен стомак.
Сусамот и медот го зајакнуваат имунитетот, ја намалуваат желбата за слатки, лечат констипација, ги ублажуваат стомачните мачнини и делуваат благотворно во случај на гастритис, колитис и чир.
Освен тоа, оваа мешавина ги зајакнува коските, ги стимулира менталните активности, ја зголемува физичката издржливост и го подобрува квалитетот на здарвјето, косата и кожата.
Медот и сусамот ги ублажуваат или ги отстрануваат следните здравствени состојби:
- слаб имунолошки систем
- екстремна желба за слатки
- болки во стомакот
- гастроинтестинални нарушувања, вклучувајќи колитис, гастритис и чиреви
- слаби коски
- ниско ниво на физичка сила и издржливост
- слаба ментална активност или деконцентрација
- лош квалитет на кожата
- паѓање на косата
- вишок килограми
Начин на подготовка
Оваа паста се приготвува многу лесто. Едноставно измешајте една лажица мед и една лажица сусам и мешајте се додека не добиете смеса што наликува на алва.
Оваа количина на паста има околу 155 калории, 8 грама маснотии, 21 грам јаглени хидрати, еден грам влакна и 3 грама протеини.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK