Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваБилки кои ја впиваат влагата во домот

    Билки кои ја впиваат влагата во домот

    petel baner

    Влажната средина е идеална за размножување на бактериите и габите. Тоа подоцна резултира со непосакувани појави како чешање, замор, вртоглавици, инфекции на системот за дишење, течење на носот и кивање.

    Влагата и мувалата можат да предизвикаат бројни заболувања. За да го спречите овој проблем, постои едно многу ефикасно, а притоа и креативно и декоративно решение за вашиот дом.

    Станува збор за собни билки кои го прочистуваат воздухот, а свежиот воздух успешно ја балансира и контролира влагата.

    Otkup na kompiri

    Некои од растенијата можат дури да го намалат присуството на токсините како бензол, трихлоретилен и формалдехид, кои често се причинители на сериозни здраствени проблеми како астмата, различните видови алергии, па дури и појавата на тумор.

    Во продолжение погледнете кои собни растенија се на оваа моќна листа:

    1.Спатифилум

    Се верува дека оваа билка носи љубов во вашиот дом, па често ја нарекуваат женска среќа. Не само што ја апсорбира влагата и ја регулира климата во просторот, туку и ја уништува мувлата. За да опстои оваа билка, потребно е да се чува на температура од 18 степени Целзиусови.

    2.Кавовац

    Цветовите на кавовацот, се појавуваат 5 до 6 години, откако билката ќе се посади, па затоа најдобро е да се купи веќе засадена билка. Ја суши влагата и низ просторијата шири пријатен тропски мирис.

    agrounik
    3.Мирта

    Миртата е симбол за мир и задоволство. Во минатото, луѓето верувале дека оваа билка е света, бидејќи се сметало дека може да ја врати младоста, а на патниците да им даде повеќе енергија. Во денешно време се откриени и други благодети на оваа билка. Таа ја упива влагата и ги уништува микробите во воздухот.

    4. Ловор

    Ловорот е симбол за победа, слава и величенственост. За да опстои оваа билка, потребно е да стои на место, кое што е студено и каде што има свеж воздух. Треба често да се полева со топла вода.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    5. Стебло од лимон

    Стеблото од лимон го исполнува воздухот со свежина и го впива вишокот на влага во неговата околина. Содржи голем број на лековити својства и го прочистува воздухот. Стеблото од лимон треба да стои изложено на сончева светлина и да се полева со многу вода.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img