Освен што се консумира свежо, од јаболко може да се подготват и многу вкусни рецепти. Уште веднаш испробајте го овој вкусен десерт.
Јаболкото изобилува со многу витамини и минерали корисни за здравјето на човекот и се препорачува да се јаде секојдневно.
Полно е калиум, калциум, фосфор, натриум, железо, потоа витамини од групата Б, Ц, Е и фолна киселина.
Листата на бенефити за здравјето на човекот од овој плод е долга: го регулира нивото на шеќерот во крвта, го намалува ризикот од многу болести, помага во одржување на тежината…
Состојки:
- 4 јаболка
- 1 лажица рендана кора од лимон
- 3 лажица мелени ореви или бадеми
- 1 лажица путер
- 3 лажици суво овошје по избор (грозје, брусница..)
- 1/8 л бело вино или вода
- 1 лажица шеќер
Подготовка:
Измиeте ги убаво јаболката, не ги лупете, само полека отстранете ја дршката и семенките од јаболкото без да го поделите на половина, отстранете го и делот од цветот. Потоа во еден сад измешајте ги сувото овошје, шеќерот, путерот и кoрата од лимон и со неа полнете ги јаболката.
Земете тава и во неа налијте го виното/водата, ставете ги јаболката и печете на 250 целзиусови степени околу 30 минути.
Уживајте во вкусот на овој прекрасен есенски десерт.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK