Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиЗеленчук кој е најпрофитабилен за одгледување во зима

    Зеленчук кој е најпрофитабилен за одгледување во зима

    petel baner

    Во текот на зимата производството на зеленчук може да биде успешно и профитабилно.

    Најважно е да се избере вистинскиот вид зеленчук и да се обезбеди стакленик кој одговара на овој вид производство.

    Датумите на сеидба и берба треба да се прилагодат на побарувачката за време на зимските празници. Покрај тоа, важно е да се спречи измрзнување на растенијата во годините со екстремно ниски температури.

    Otkup na kompiri

    Во нашите краишта традиционално се одгледуваат зелена салата, спанаќ и млад кромид за зимска потрошувачка. Сепак, оваа листа е многу подолга.

    Кељот, разни видови лековити и зачински билки, разни салати, ротквици, потоа цвекло, се видови чие одгледување може да биде успешно во текот на овој период.

    Зелена салата

    Зелената салата е традиционален зимски зеленчук чие одгледување може да донесе добри финансиски придобивки. Овој вид зеленчук се карактеризира со бројни вариетети, сорти, хибриди кои се разликуваат по должината на вегетацијата, бојата и формата на листовите, вкусот, отпорноста.

    Рукола, матовилац, синап и мизуна се само некои од лиснатите видови кои лесно се одгледуваат и можат да бидат алтернатива на класичната зелена.

    Мизуна

    Позната е како јапонска салата, а поради бојата на нејзините листови, која преминува од темно преку посветло зелена до темноцрвена, многу наликува на мешавини од разни салати. Тоа е култура која може да се сее во затворен простор од септември до март. Бербата се врши со неколкукратно сечење. Може да се меша со други лиснати салати.
    Предноста на мизуната во однос на обичната зелена салата е тоа што може да издржи замрзнување по што се опоравува. Во повеќето случаи, доволно е да се покрие родот со агротекстил за да се зачува.

    Лековити и зачински билки

    Многу видови билки и зачини можат да бидат исклучително профитабилни за одгледување во текот на зимата. Во текот на годината се продава рузмарин, мајчина душичка, босилек или коријандер, бидејќи има побарувачка од рестораните и продавниците. Во зависност од видот на затворениот простор, можеме да се посветиме на нивното одгледување. За да се обезбеди успешно производство, потребно е да се обезбеди греење барем во најстудениот дел од годината.

    agrounik
    Млад кромид

    Младиот кромид е традиционален зимски зеленчук и голем број производители се решаваат да го произведуваат. Потребно е да се обезбеди доволно простор, квалитетно, добро дренирано земјиште. Во зависност од големината, главиците се засадуваат на длабочина од 10 до 15 см, а растојанието меѓу редовите се движи од 10 до 15 см. Оптималната температура за раст и развој е помеѓу 7 и 20֯ степени Целзиусови.

    Ротквици

    Ротквиците се најпрофитабилните видови кои се одгледуваат во стакленик, бидејќи спаѓаат во зеленчук со најкраток период од сеидба до берба. Тие се многу барани на пазарот, бидејќи се неизоставен дел од салатите во рестораните. Предноста на овој вид зеленчук е што добро поднесува ниски температури.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Спанаќ

    Спанаќот одгледуван во оранжерии има поповолни услови за развој, почист е и има подобар вкус поради помалата изложеност на колебање на температурата и содржината на влага во почвата. Бербата се врши во неколку наврати.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img