домаАгро ЗабаваПосни чварки од соја - рецепт

Посни чварки од соја – рецепт

Prokredit baner

Чварки од соја – Ако некој ви каже дека постојат и посни чварки, веројатно нема да бидете воодушевени. Всушност, тоа е солена закуска која е веродостојна замена за оригиналниот месен деликатес.

Овие чварки се направени од парчиња соја, па тие претставуваат веганска и посна замена која ќе ви се најде кога сакате промена во вашето мени.

Семенарна хоризонтален банер

Состојки:

  • 100 гр соја на парчиња
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка чадена пиперка
  • 2 ловорови листови
  • вода
  • масло за пржење

Подготовка на чварки од соја:

Истурете вода во тенџере, додадете чадена пиперка, ловоров лист и сол. Кога смесата ќе зоврие, додадете ги парчињата соја и варете 10 минути.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

По тоа време, процедете ги парчињата и оставете ги во цедалка неколку часа за да излезе целата вишок течност.

Загрејте го маслото во тава и испржете ги исцедените парчиња соја околу 20 минути на средна температура. Повремено мешајте и прилагодете ја температурата, но нема голем страв дека ќе изгори.

Petel.mk

Испржените чварки извадете ги на салфетка за да се исцеди вишокот масло, додадете повеќе сол по ваш вкус и уживајте.

Пријатно!

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img