Чварки од соја – Ако некој ви каже дека постојат и посни чварки, веројатно нема да бидете воодушевени. Всушност, тоа е солена закуска која е веродостојна замена за оригиналниот месен деликатес.
Овие чварки се направени од парчиња соја, па тие претставуваат веганска и посна замена која ќе ви се најде кога сакате промена во вашето мени.
Состојки:
- 100 гр соја на парчиња
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка чадена пиперка
- 2 ловорови листови
- вода
- масло за пржење
Подготовка на чварки од соја:
Истурете вода во тенџере, додадете чадена пиперка, ловоров лист и сол. Кога смесата ќе зоврие, додадете ги парчињата соја и варете 10 минути.
По тоа време, процедете ги парчињата и оставете ги во цедалка неколку часа за да излезе целата вишок течност.
Загрејте го маслото во тава и испржете ги исцедените парчиња соја околу 20 минути на средна температура. Повремено мешајте и прилагодете ја температурата, но нема голем страв дека ќе изгори.
Испржените чварки извадете ги на салфетка за да се исцеди вишокот масло, додадете повеќе сол по ваш вкус и уживајте.
Пријатно!
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK