„Култивираното месо“ или месо одгледувано во лабораторија е одобрено за човечка исхрана во САД.
Стартапот Upside Foods добил клучно безбедносно одобрение од Агенцијата за храна и лекови (FDA).
Одобрена е безбедноста на технологијата што ја користи овој стартап во својата лабораторија со седиште во Калифорнија. Одгледуваат животински клетки и создаваат месо без колење животни. А сега за прв пат во историјата добија зелено светло дека нивното пилешко е безбедно за јадење.
FDA во средата објави дека го проценила процесот на производство на Upside Foods и клеточниот материјал што го користат во производството. Истакнувајќи дека „немаат дополнителни прашања за безбедноста на таквото месо“.
Компанијата го опиша овој момент како пресвртница во историјата на храната.
„Оваа пресвртница означува голем чекор кон нова ера во производството на месо. Јас сум воодушевена што американските потрошувачи наскоро ќе имаат можност да јадат вкусно месо одгледувано директно од животински клетки“, рече Ума Валети, извршен директор и основач на Upside Foods.
Како што наведуваат на нивната веб-страница, производството на нивното месо бара 77 проценти помалку вода од стандардната месна индустрија.
Очекуваат дека со текот на времето бројките само ќе се намалуваат. Тие се фалат и дека користат 100 отсто обновлива енергија во нивниот производствен капацитет.
Но, за нивните производи да се најдат на полиците на продавниците, Upside Foods допрва треба да добие потврда од Службата за безбедност и инспекциски надзор на храна при Министерството за земјоделство.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK