Американците фрлаат годишно повеќе од 45 милијарди килограми или 40 отсто од својата храна, пишува Axios.
Најголем дел од отпадот од храна доаѓа од кујните на потрошувачите.
Околу 10 проценти или 13,5 милиони американски домаќинства доживеале несигурност во храната во текот на 2021 година. Додека од друга страна, храната што може да се донира на оние на кои им е потребна, се расипува.
Просечното американско семејство троши речиси 1.900 долари годишно на храна што не ја јаде, според истражувањето објавено во Американското списание за земјоделска економија.
Околу 10 проценти од емисиите на стакленички гасови се храна што се фрла на глобално ниво.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK