Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Tuesday, May 28, 2024

More
    домаситеСок од цвекло за здрав почеток на денот

    Сок од цвекло за здрав почеток на денот

    petel baner

    Природниот сок од цвекло има малку калории и речиси да нема маснотии. Тој е одлична опција за утринско смути кое е извор на хранливи материи и сила за да го започнете денот со повеќе енергија.

    Цвеклото е здрав зеленчук кој може да се подготви на многу различни начини. А неговиот сок е еден од популарните пијалаци поради многуте здравствени придобивки.

    Имено, цвеклото е многу хранливо и полно со витамини, минерали и соединенија кои имаат лековити својства.

    Содржи големи количини на калиум, фосфор, калциум, магнезиум и железо. Но и одредена количина на кобалт, кој учествува во создавањето на витаминот Б12.

    Најновите истражувања покажале дека само една чаша сок од цвекло дневно може да има благотворно влијание врз нашето здравје. Особено врз здравјето на нашето срце и кардиоваскуларниот систем.

    Agrobot

    Освен што го намалува ризикот од срцеви заболувања, друго истражување покажало дека секојдневното консумирање на сокот од цвекло може да ја подобри и нашата издржливост.

    Возрасните кои пиеле 500 мл од овој сок дневно можеле да вежбаат дури 16% подолго од оние кои не го консумирале.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Нутриционистите исто така истакнуваат дека редовното консумирање сок од цвекло помага за зачувување на здравјето на цревата. Како и забрзување на метаболизмот и слабеењето.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img