Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

23.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро ВестиЖителите на ЕУ можат да бараат отштета за загадувањето на воздухот штетно...

    Жителите на ЕУ можат да бараат отштета за загадувањето на воздухот штетно по здравјето

    petel baner

    Жителите на ЕУ можеби ќе можат да ги тужат своите влади и да бараат финансиска компензација доколку незаконското ниво на загаденост на воздухот им наштети на нивното здравје, според мислењето на главниот советник на Судот на правдата на ЕУ.

    Мислењето на советникот доаѓа по серијата пресуди на судот со седиште во Луксембург во последниве години. Десет земји-членки, меѓу кои Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Полска, Романија и Бугарија, беа прогласени за виновни за нелегално загадување на воздухот.

    Според Европската агенција за животна средина (ЕЕА), загадениот воздух е одговорен за 300.000 предвремени смртни случаи во Европа годишно.

    – Прекршувањето на граничните вредности за заштита на квалитетот на воздухот според правото на ЕУ може да доведе до право на надомест од државата. Ова се наведува во соопштението на Судот.

    Адвокатката од највисокиот европски суд, Џулијан Кокот, истакна дека често посиромашните заедници живеат и работат во области со висока загаденост. Ним особено им е потребна судска заштита.

    Поединците кои бараат отштета за нарушено здравје мора да докажат дека директна причина за штетата по нивното здравје е аерозагадувањето

    Владата, од друга страна, може да избегне одговорност. Доколку докаже дека ќе се прекршат границите за загадување и дека има соодветен план за квалитет на воздухот.

    – Оваа правна потврда дека постои начин да се повикаат на одговорност од власта е голем напредок во борбата за чист и здрав воздух. Ова се вели во изјавата на експертот за еколошко право од организацијата „ClientEarth“ Ирмина Котиук.

    Мислењето на бранителот не е обврзувачко, но Судот обично се согласува со него во следните пресуди.

    Новото мислење се однесува на случајот со Парижанец кој побара отштета од 21 милион евра од француската влада. Образложението е дека загадувањето на воздухот му наштетило на неговото здравје. Додека пак владата не обезбедила усогласеност со границите на ЕУ.

    Agrobot

    Судот во Версај побара од Судот на ЕУ да разјасни дали поединци можат да бараат таков надомест.

    Помеѓу 2010 и 2020 година, Париз ги прекрши законските ограничувања на ЕУ за загадување со азот диоксид.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во обид да се намали бројот на предвремени смртни случаи поради загадениот воздух, ЕУ ќе предложи ажурирање на границите за загадување оваа година за подобро усогласување со построгите правила на Светската здравствена организација.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img