домаАгро ЗабаваКрем супа од тиква и компир

Крем супа од тиква и компир

Prokredit baner

Крем супите се добар избор за време на студените денови.

Крем супата од тиква и компир ќе им одговара и на оние кои постат и на оние кои не постат бидејќи е многу вкусна и здрава. Особено затоа што густината се добива од самиот зеленчук, а не како вообичаено, со додавање брашно и слични постапки.

Потребни состојки:

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер
  • 3 лажици маслиново масло
  • 450 гр излупена тиква
  • 100 гр праз
  • 30 гр млад кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • 400 гр излупени компири
  • 60 гр моркови
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 1 лажичка сув зачин

Начин на подготовка:

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Празот, младиот кромид и лукот се сечкаат ситно, па се пржат на масло да омекнат. Истурете литар топла вода, додадете ги исечената тиква, компирите и морковите, додадете го биберот по вкус и кога ќе зоврие, варете полупокриено додека зеленчукот не омекне.

Petel.mk

Процедете, но не фрлајте ја течноста. Изгмечете го зеленчукот во блендер. Зеленчукот вратете го во течноста, додадете го сувиот зачин, а по потреба сол и бибер, а доколку е потребно, ако супата е многу густа, додадете чаша топла вода. Оставете да зоврие, па тргнете го од оган. Послужете топло.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img