Протест на кванташки – Повторно е закажан протест бидејќи закупците на кванташкиот пазар велат дека досега никој од надлежните немал слух за нивните проблеми.
Јавниот протест е уредно најавен кај надлежните.
Ова стои во пријавата за протест:
Ве известувам дека на ден 15.12.2022 година во 9:30 часот до 11:30 часот на улица 1632 Кванташки пазар – Капија на кванташки пазар ќе се организира јавен собир на кој ќе учествуваат физички лица и преставници – управители на правни лица закупци на Кванташки пазар.
Целта на јавниот собир е да се изрази јавното незадоволство на лицата – закупци на Кванташки пазар од незаконското и своеволно однесување и постапување на раководните лица на Кванташки пазар.
Организаторот на јавниот собир изјавува дека се превземени мерки за непречено организирање и одвивање на јавниот собир, преку кој на мирен начин ќе се изрази незадоволството.
Протест на кванташки
Организаторите на овој протест ги повикуваат и Земјоделците да им се приклучат на овој протест бидејќи со постапките на Управителите на кванташкиот пазар и нив им се наметнуваат нови повисоки давачки.
Поради зголемените трошоци има се помалку трговци и Земјоделци кои што продаваат на култниот Кванташки пазар во Скопје.
Закупците изјавуваат дека и во последно време и посетители и купувачи има се помалку бидејќи им се наплаќа влез за возилото на Кванташкиот пазар.
Ова не е прв протест на закупците на Кванташкиот пазар во Скопје.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK