Како да се ослободите од растителни вошки на розите – Вошките не се нималку наивни суштества кои ги напаѓаат нашите растенија. Не само што ги напаѓаат туку и ги јадат, ги сушат листовите, цветовите и стеблата и на крајот го уништуваат целото растение.
Најпогодени се розите во расцут, од кои растителните вошки можат да се преселат во други растенија и да го забават нивниот раст и развој.
Како да се ослободите од растителни вошки?
Ви носиме природен препарат со сода бикарбона.
Состојки:
- Една лажица сода бикарбона
- Една кесичка прашок за пециво
- Една лажица детергент за садови
- 1,5 литри стоена вода
Подготовка:
Добро измешајте ги сите состојки и потоа темелно испрскајте ги сите заболени делови од вошки. Оставете да отстои преку ноќ и потоа измијте ги розите.
Не е лошо овој процес да го повторите за 7 дена, за да бидете сигурни дека нема да се појават повторно.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK