Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиЗимската работа во овоштарникот го намалува бројот на штетници во пролет

    Зимската работа во овоштарникот го намалува бројот на штетници во пролет

    petel baner

    Зимската работа во овоштарникот, како непестицидни мерки за заштита на плодовите, опфаќаат агротехнички, помошни и механички мерки, сеидба и садење на здрав и отпорен саден материјал. На овој начин значително придонесува за намалување на густината на населеност на голем број штетници под подносливото ниво.

    Зимската работа во овоштарникот овозможува управување со популациите на штетници без прекумерна употреба на пестициди. Правилно применетите агротехнички и помошни мерки обезбедуваат добра физиолошка состојба на дрвото. Тоа е основен предуслов за успешна заштита од штетници. Посебно внимание треба да се посвети на обработување на почвата, кроење и разредување на крошните, како и отстранување на суви стари дрвја. Варосувањето на овошките е особено важно за коскесто овошје.

    Otkup na kompiri

    Крушкина стеница

    Презимува како имаго на разни затскриени места (пукнатини на кората, под стара излупена кора, под паднати листови и сл. Земјоделските техники, лупење на старата кора и заорување на паднатите листови се важни дополнителни мерки за контрола на овој штетник.

    Редовното ообработување на почвата, особено во зима, служи како дополнителна мерка за сузбивање на осите на слива, јаболка, круша и листот од цреша.  

    agrounik

    Јаболков цветојад

    Anthonomus pomorum L. – презимува како имаго под испуканата, излупена стара кора на стеблото и гранките на овошните дрвја. Со гребење на старата испукана кора, чистење на крошните од скршени и суви гранки и отстранување на сувите дрвја од овоштарникот, можно е да се влијае на намалување на густината на населеност кај овие цветојади.

    Црешова мува

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Нејзината ларва се наоѓа плитко во земјата повеќе од единаесет месеци. Редовното обработување на земјиштето, особено длабокото зимско орање, драстично ја намалува популацијата на овој инсект. Го решава и проблемот со гниењето на плодовите од цреша и вишна.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img