Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиМора да се зголеми светското производство на пченица?

    Мора да се зголеми светското производство на пченица?

    petel baner

    Глобалниот извоз на пченица е во пад. Краткорочно решение е ослободувањето на залихите, а долгорочно зголемување на производство на пченица.

    Извозот на пченица опаѓа со месеци, од почетокот на војната во Украина. Состојбата на снабдување во одредени региони во светот е под влијание на флуктуациите на приносот и загубите поради климатските промени. Поради сето ова, цените на тие житарки нагло пораснаа, а тие продолжуваат да растат. Во една неодамнешна студија објавена во списанието Глобална безбедност на храната, научниците тврдат дека мора да се зголеми производство на пченица долгорочно ширум светот за да се компензира недостатокот на извоз. 

    Otkup na kompiri

    Да се зголемат површините

    Прво, површините под пченица мора да се зголемат, според истражувачите од Техничкиот универзитет во Минхен, Францускиот јавен истражувачки институт за земјоделство (INRAE), Универзитетот Пурдју и Универзитетот Вагенинген, како и Лајбниц-Центарот за истражување на земјоделски пејзажи (ZALF).

    На краток рок, недостигот на пченица би можел да се компензира со координирано ослободување на залихите, според студијата. Меѓутоа, на долг рок, другите земји ќе треба да го надоместат диспаритетот во извозот. Тој би можел да изнесува дури девет отсто од светскиот извоз на пченица. Тоа значи зголемување на површината под оваа обработлива култура за вкупно осум отсто. За тоа би биле потребни дополнителни половина милион тони азотно ѓубриво, пресметале авторите. 

    agrounik

    Загрозена безбедноста на храната

    Поради флуктуациите на приносот и неуспехот на културите поради климатските промени, може да има извозен недостиг од пет до седум милиони тони од оваа житарка секоја година. Доколку не се преземат мерки за стабилизирање на снабдувањето, храната и националната безбедност ќе бидат загрозени во многу земји во светот, предупредуваат научниците.

    Во 2020 година Украина произведе 26 милиони тони пченица. Од ова, речиси три четвртини (72 отсто) се дистрибуирани надвор од земјата. Тоа претставува девет отсто од светскиот извоз на пченица. Како што знаеме, поради војната може да се извезе само дел од вообичаеното количество. Освен тоа, оваа година таму можеше да се обработува само дел од земјиштето. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ова не е само голема економска штета за таа земја, туку и закана за безбедноста на храната за многу земји во Африка и Азија, како Египет, Индонезија, Пакистан или Либан, кои во голема мера зависат од увозот на ова жито.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img