Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКако да изберете квалитетни костени, совршено да ги подготвите и брзо да...

    Како да изберете квалитетни костени, совршено да ги подготвите и брзо да ги излупите?

    petel baner

    Сега е сезоната на костени и уживањето во нивниот неворојатен вкус. Првиот чекор во уживањето во слатки костени е нивниот избор.

    Во продолжение прочитјате како да изберете добри костени, како совршено да ги испечете во рерна, на скара, но и како да ги сварите. Ќе дознаете и на кој начин можете да ги излупите, а тоа да биде лесно и брзо.

    Внимавајте при изборот на костени, доколку купите костени со лош квалитет, тешко дека ќе уживате без разлика на кој начин ќе ги подготвите. Квалитетните плодови мора да бидат поголеми, како и да имаат сјајна кора на која нема дупчиња. Исто така, би требало да бидат суви и тешки.

    Otkup na kompiri

    Никако не смеат да имаат дупчиња, бидејќи тоа открива непосакувани жители во нив. Најдобро е веднаш да ги подготвите, а доколку ги чувате, тогаш нека бидат на некое ладно место и не подолго од две недели.

    Подготовка

    Следниот чекор до совршени залаци е да се погрижите дека тие се добро сварени или испечени. Постојат неколку начини за нивна подготовка, како на пример, во рерна, на плочата од шпоретот, на скара, во микробранова, или во тенџере.

    На плочата од шпоретот

    Доколку се одлучите за печење на плочата од шпоретот, тогаш би било добро да одберете тава со дупчиња, но доколку ја немате, послужете се и со класична. Најпрво засечете ја кората во крст, а откако ќе ги ставите во тавата покријте ги и повремено протресувајте ги. Кората ќе се отвори, а костените ќе добијат боја.

    Во рерна

    При подготовката во рерна, најпрво засечете ги костените со нож, а потоа прелијте ги со вода и така оставете ги да се печат.

    Варење во тенџере

    Доколку се одлучите за варење во тенџере тогаш плодовите ставете ги во студена и малку посолена вода. Ситните костени се варат околу половина час, а покрупните до еден час.

    Печење во микробранова печка

    Тоа е многу едноставно. Костените се засечуваат на вообичаениот начин и се ставаат во микробранова печка на максимална температура, до 1 минута. Ќе слушнете звук како да се пржат на масло, и така ќе знаете дека се готови.

    agrounik
    Варење во микробанова печка

    Овој начин на подготовка е готов за само неколку минути. Костените морате да ги засечете, да ги ставите во сад со вода. Да ги покриете со хартиено марамче и да ги ставите во микробрановата на околу 2 минути, во зависност од тоа колку се големи. Ако после 2 минути не се готови, продолжете го готвењето уште 1 минута, па проверете ги повторно.

    Печење на скара

    Ова е најдобриот начин, бидејќи костените така се највкусни. Расечете ги како да ги подготвувате за печење, па ставете ги врз алуминиумска фолија на која претходно сте направиле дупчиња. Ставете ги врз скарата и печете додека отворите не добијат убава боја.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Лупење

    Доколку сакате костените после печењето полесно и побрзо да се излупат, додека се жешки ставете ги во влажна крпа и оставете ги да отстојат неколку минути. Доколку ви се потребни сирови костени за подготовка на некое јадење, а сакате да се ослободите од кората, тогаш најдобар начин за тоа е микробрановата печка. Плодовите се засечуваат како и кај печењето во рерна, се мијат со вода за да добијат дополнителна влага и се ставаат во микробрановата на 1 минута.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img