домаситеБоранија – здрава мешунка со малку калории

Боранија – здрава мешунка со малку калории

Prokredit baner

Боранијата е особено здрава мешунка која дефинитивно треба многу често да биде пристуна на трпезата.

Оваа мешунка се вбројува во најгусто-нутритивните храни што постојат, односно содржи нешто под 30 калории во 100g. Боранијата е богат извор на низа микронутриенти, како железо, калиум, магнезиум, калциум, витамин А, К, Ц итн.

Боранијата (Phaseolus vulgaris) е зеленчук кој потекнува од Мексико, а денес се користи речиси насекаде во светот.

Семенарна хоризонтален банер

Постојат над 130 видови боранија, во различни бои (зелена, бледожолта, виолетова, црвенкаста и со шарени траги) и облици. Најчесто се култивира на далечниот исток, но се одгледува и кај нас во Македонија. Најзастапени се видовите лоди, нерина, италијанска и кинеска боранија.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Може често да се сретне во домашната кујна во различни рецепти, а низ маркетите може да се најде и во конзерва и замрзната форма.

Се користат свежите, млади мешунки во кои зрната уште не се развиле целосно, а предност имаат сочните и меснатите сорти кои немаат конци.

Боранијата се користи на различни начини, но секогаш готвена или бланширана затоа што не може да се јаде сирова поради протеинот фазин кој е отровен. Со готвење овој протеин целосно се разорува, но не и со сушење. Боранијата се додава на разни салати, чорби и динстани јадења.

Корисна е за здравјето

Благодарејќи на специфичниот состав, боранијата е одлична намирница за регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Содржи неесенцијална аминокиселина, аргинин кој делува слично на инсулинот и на тој начин се снижува нивото на шеќер во крвта и урината. Аргининот исто така, предизвикува вазодилатација, што е пак предуслов за добра потенција.

Аргининот не се уништува со готвење, па така боранијата им се препорачува на дијабетичари, најдобро во вид на вариво.​

Содржи калиум кој ја издвојува боранијата од останатите видови мешунки. Калиумот делува како диуретик, поволно влијае врз работата на срцето. Го регулира крвниот притисок и помага во исфрлање на штетните материи и вишокот течности од организмот.

Влијае врз намалување на мокрачната киселина, уреата во мокрачата, па така се препорачува и на оние кои имаат проблем со гихт.

Останатите минерали кои ги содржи боранијата покрај калиумот се: калциум, фосфор, магнезиум и во значителна количина железо. Па така е делотворна и за анемија, болести на забите, крварење од носот.​

Тигар лого гиф

Витамините кои ја прават боранијата исклучително здрава намирница се: провитамин А, Б1, Б2, ПП, Ц и Е.

Посебно треба да се консумира при намален имунитет, настинки, грип, разни инфекции, екцеми и остеопороза.

Petel.mk

Во исхраната има многу голема биолошка вредност, а релативно мала енергетска вредност, па така, според составот повеќе е слична на другиот зеленчук отколку на мешунките.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img