Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Новогодишна елка со Нутела

    Рецепт: Новогодишна елка со Нутела

    petel baner

    Подготвувањето декоративни и вкусни празнични печива знае да биде предизвик и авантура, посебно ако го имате вистинскиот рецепт.

    Оваа новогодишна елка со Нутела е токму таква – вксуна, мека, топла и слатка.

    Потребни состојки:

    Otkup na kompiri
    • 450g брашно
    • 70g шеќер
    • 2 лажички сув квасец
    • Малку сол
    • 30g стопен путер
    • 180ml стоплено млеко
    • 2 жолчки од јајца (белките сочувајте ги за премачкување)
    • 1 шолја Нутела

    Подготовка:

    Измешајте го квасецот во ¼ шолја топла вода и оставете да отстои 10 минути.

    Во друг сад измешајте го брашното со солта и шеќерот. Додадете го квасецот и месете додека не добиете убаво мазно тесто.

    Покријте со пластична фолија и оставете да нарасне на топло место околу 1 час.

    готовото тесто се дели на два дела.
    Едниот дел со помош на сукало се прави во форма на правоаголник.

    Кората се премачкува со Нутела, при што треба да се внимава да останат неизмачкани 1-1,5 сантиметар од краевите на кората.

    Над неа се поставува и втората кора која сте ја подготвиле на истиот начин како и првата.

    Од правоаголните кори се исекува форма на елка и гранки.

    Потоа спирално се завртуваат гранките на елката.

    agrounik

    Кога ќе ја подготвите елката ја ставате во тава за печење

    Изматете го јајцето и премачкајте ја горната површина од елката.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Печете на 180 степени 20 минути, а потоа на 220 степени уште 5 до 7 минути.
    Треба да се добие светло кафеава боја.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img