Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро Вести186 милиони евра за промоција на земјоделско-прехранбени производи

    186 милиони евра за промоција на земјоделско-прехранбени производи

    petel baner

    Во 2023 година Европската комисија ќе додели 185,9 милиони евра за финансирање на промоција на одржливи и висококвалитетни земјоделско-прехранбени производи од Унијата.

    Работната програма за политики за промоција за 2023 година, која Комисијата ја усвои пред неколку дена, придонесува за реализација на политичките приоритети на Европската комисија за периодот 2019-2024 година. А особено на стратегијата „од терен до маса“.

    Проектите за промоција во 2023 година се очекува да ги истакнат и поддржат производите кои се во согласност со целите. Како што се одржливоста на земјоделството на Унијата, подобрување на благосостојбата на животните. И поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук и здрава и одржлива исхрана.

    Otkup na kompiri

    Сите расположливи износи за избраните кампањи во 2023 година се речиси рамномерно распределени помеѓу промоцијата на внатрешниот пазар на Унијата (83,3 милиони евра) и во трети земји (83,1 милиони евра).

    Надвор од Унијата, главните цели на промотивните активности се земји и региони со висок потенцијал за раст. На пример Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур и Северна Америка.

    Покрај тоа, Нов Зеланд и Австралија би можеле да претставуваат нови пазарни можности за европските извозници. Конечно, Обединетото Кралство останува еден од главните извозни пазари за земјоделско-прехранбени производи од Унијата, апсорбирајќи 25% од извозот на ЕУ-27.

    Со избрани кампањи ќе се информираат потрошувачите во Унијата и светот за различни системи за квалитет и ознаки за квалитет на ЕУ. Како што се географски ознаки или еколошки производи.

    За категоријата еколошки производи се доделени средства во износ до 28 милиони евра.

    Со цел да се поттикне побарувачката на еколошки производи согласно акцискиот план за еколошко производство.

    Дополнителни 36 милиони евра за промоција на одржливи земјоделски практики корисни за климата, животната средина и благосостојбата на животните. Се наменети за европските потрошувачи и потрошувачката на земјоделско-прехранбени производи произведени на одржлив начин.

    Со цел да се поттикне поздрава и поурамнотежена исхрана, повеќе од 19 милиони евра ќе бидат наменети за промоција на свежо овошје и зеленчук. Со цел да му се помогне на секторот да ги надмине постојаните предизвици. Како што се падот на потрошувачката и извозот и слабата преговарачка позиција во врска со големите малопродажни ланци и преработувачите. Општо земено, промотивните активности насочени кон потрошувачите на внатрешниот пазар треба да се одразат и да се усогласат со насоките за исхрана на целните земји членки.

    Европската истражувачка агенција ќе објави повици за предлози за претстојните кампањи во јануари 2023 година.

    Барањата и предлозите за финансирање можат да поднесат бројни тела. Како што се трговски организации, здруженија на производители и групи за земјоделско-прехранбени производи одговорни за промотивни активности.

    agrounik

    Предлози за таканаречени „едноставни“ програми можат да поднесат една или повеќе организации од иста земја членка на ЕУ. Додека предлози за програми за повеќе корисници поднесуваат најмалку две национални организации. Од најмалку две земји членки, односно една или повеќе европски организации.

    Промотивните кампањи за земјоделските производи на Унијата се осмислени да создадат нови пазарни можности.

    Како за земјоделците на Унијата, така и за пошироката прехранбена индустрија. И да им помогнат да го подобрат својот бизнис.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Покрај зголемувањето на одржливото производство и потрошувачката на земјоделски производи, политиката за промоција го поддржува и одржливото закрепнување на земјоделскиот и прехранбениот сектор на Унијата во баран економски контекст.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img