Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЗошто се става магдонос на јадењето?

    Зошто се става магдонос на јадењето?

    petel baner

    Пред послужувањето, во рестораните, готвачите честопати ставаат парче магдонос на врвот од јадењето. Зошто е тоа така?

    Освежувањето на здивот со грицкање свеж магдонос датира од времето на Старите Римјани. Тоа е, веројатно, една од причините поради којашто настанал овој обичај ширум светот.

    Друга причина е украсувањето на јадењето, што наводно потекнува од древните месарници каде што се ставало магдонос околу свежото, но и печеното месо, за храната да им биде попривлечна на купувачите.

    Otkup na kompiri

    До 1915 година, магдоносот се ставал на чиниите во речиси секој ресторан. Тоа, сепак, отсекогаш им пречело на некои гости, бидејќи се сомневаат дека тоа парче растение претходно било на туѓа чинија…

    Секако, третата причина поради која магдоносот се наоѓа на послужениот оброк е да се подобри вкусот на храната, но во овој случај тој најчесто се сечка и се посипува во садот.

    agrounik

    Зошто магдоносот е добар за свеж здив? Бактериите во устата почнуваат да се развиваат после јадење, а тоа е директна причина за лошиот здив. Магдоносот содржи високо ниво на хлорофил, којшто го уништува вишокот бактерии.

    Магдоносот е особено добар за џвакање после јадење лук или кромид. Покрај магдоносот, помага и свежото нане, босилекот или рузмаринот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Следат уште неколку придобивки од ова растение: делува како антиоксиданс, ѝ помага кожата да изгледа помлада, го чисти телото од токсини, го раствора вишокот маснотии во телото, ги чисти бубрезите, има антиинфламаторно дејство, полно е со витамин Ц, содржи многу минерали и го зајакнува имунитетот.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img