Постои еден алкохолен пијалок кој го оштетува вашиот црн дроб многу помалку од другите пијалоци, а тоа е црвеното вино.
Знаеме дека намалувањето на внесот на алкохол е еден од најважните чекори за заштита на здравјето на црниот дроб, но кога повремено сакаме да посегнеме по чаша алкохол, постои опција која може да направи помалку штета од другите.
Студија од 2019 година покажува дека алкохолот е главен фактор на ризик за заболување на црниот дроб, особено за цироза, пренесе The Healthy.
Многу лекари и диететичари се согласуваат и ги охрабруваат сите оние кои уживаат во алкохолните пијалоци да ја намалат нивната количина што е можно повеќе.
Но, д-р Ненси Реа тврди дека постои еден алкохолен пијалок кој го оштетува вашиот црн дроб многу помалку од другите пијалоци, а тоа е црвеното вино.
„Ако имате здрав црн дроб, не мора целосно да се откажете од алкохолот. Бројни студии покажаа дека токму црвеното вино содржи антиоксиданси кои можат да го подобрат здравјето на вашиот црн дроб. Секако, доколку го консумирате умерено“, нагласил докторот.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK