Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеЧај од липа - за што е добар и како да го...

    Чај од липа – за што е добар и како да го подготвите

    petel baner

    Лековитите својства на чај од липа се исклучително високи, а за тоа сведочи и историјата на Словените, кои многу ја почитувале липата.

    Чај од липа има докажани лековити својства: го намалува крвниот притисок, исклучително е добар за ублажување на болки при мокрење, поттикнува излачување на пот и урина, помага при анемија, ја чисти крвта и бубрезите.

    Otkup na kompiri

    Чајот е исклучително добар за настинки и болести на дишните органи, лечи хронична и спазматична кашлица, против грчеви, за смирување (ги релаксира напнатите нерви и дава добар сон), спречува пневмонија, помага со песок во бубрезите, го подобрува варењето, ги отстранува брчките и дамките од кожата на лицето, спречува опаѓање на косата. При изгореници и рани, добро е да се исплакне местото и да се покрие со крпа натопена со овој чај.

    Има многу лековити својства, но најважно е да знаете како се подготвува.

    Класичен начин на подготовка на чај од липа

    Истурете 0,2 l топла вода врз растението или филтер кесата. Покријте и оставете да отстои 5 до 10 минути. Процедете и испијте го свежо подготвениот чај.

    Чај од липа за релаксацирање

    Се вари 1 литар вода додека не почне да врие, се става 10-20 г цвет од липа, се прелива цветот со зовриена вода, се остава 5-10 минути, се цеди чајот, а потоа може да се почне да се пие. Се пие три пати на ден по една шолја, а остатокот во текот на денот наместо вода.

    Чај од липа против дијареа

    Варете 1/2 литар вода додека не почне да врие. Направете смеса од: 30 гр цвет од липа и камилица, по 10 гр кантарион, цвет од роза и шипка. Прелијте со топла вода 3 лажици од смесата. Оставете покриено 1 час. Процедете го чајот.

    Чајот од липа против дијареа треба да се пие што потопол во текот на денот.

    agrounik

    Берба на липа

    Липата цвета во јуни или јули. Идеалното време за берба на цветовите е самиот почеток на отворањето на цвеќето, односно првите денови од цветањето.

    Целосно расцветаните цветови ја губат својата вредност, односно лековитите својства и во таа смисла стануваат бескорисни.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Цветовите најдобро е да се берат помеѓу 10 и 12 часот, пред силното сонце, за да не испарат од нив есенцијалните масла кои имаат голема здравствена вредност.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img