Фармите за свињи во Германија се во неволја, а тоа го предизвикаа скапите извори на енергија, ѓубривата и добиточната храна. За само една година згаснале повеќе од 10 проценти.
Поради економски притисок, бројот на фармите за свињи во Германија се намали за повеќе од 10 проценти за една година. Можеби звучи малку кога ќе кажете 10 проценти, но тоа е пад од 2,4 милиони животни за една година.
Сепак, тој пад има свој континуитет. Според податоците од 3 ноември, статистичарите тврдат дека во моментов има 21,3 милиони грла. За споредба, во 1990 година во Германија имало околу 30,8 милиони свињи. Со години опаѓа и потрошувачката на свинско месо во оваа земја.
Од една страна, има голем децениски минус, а во исто време, има зголемен раст на големите фарми – просечниот број на свињи на големите фарми се зголеми од 949 на 1.259 грла.
Бројот на говеда во Германија, сепак, остана речиси ист во споредба со последното истражување на 3 мај, на околу 11 милиони грла. Во случајот со молзни крави, долгорочниот тренд на намалување продолжува.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK