Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-6.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаситеХрана која ги прочистува белите дробови од никотин

    Храна која ги прочистува белите дробови од никотин

    petel baner

    Храна која ги прочистува белите дробови од никотин – Доколку сте престанале да пушите или сте страствен пушач, овие намирници ќе ги намалат негативните ефекти на цигарите и ќе го започнат процесот на чистење на организмот.

    Зелје

    Фолната киселина е многу важна за нормална работа и развој на организмот, но му помага и на телото да се ослободи од никотинот. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во зелјето.

    Otkup na kompiri

    Брокула, карфиол и зелка

    Покрај тоа што овој зеленчук содржи полифеноли за кои се покажало дека се корисни за намалување на разни воспаленија во дигестивниот систем, содржи и антиоксиданси кои го чистат организмот од бројни токсини. Гответе ги што е можно пократко за да ги зачувате сите нивни придобивки.

    Зелен чај

    Со пушење телото ја губи потребната течност, па многу побрзо дехидрира. Пиењето зелен чај, кој е преполн со антиоксиданси, е сигурен начин да го исфрлите вишокот на никотин од вашето тело.

    agrounik

    Моркови

    Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од овој несакан ефект, јадете што повеќе моркови. Содржи големи количини на витамини А, К, Ц и Б, кои се главните средства за чистење на телото. Морковот исцедете го во соковник помешан со јаболко и лимон или сомелете го во салата.

    Киви, лимон и портокал

    Покрај водата, пушењето од телото ги отстранува и витамините А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини, посегнете по киви или испијте чаша лимонада.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сокот од портокал го хидрира организмот, му ги обезбедува потребните витамини, но и го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додадете малку вода и пијте помеѓу оброците.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img