Брз и вкусен рецепт за печен карфиол во рерна кој сигурно повторно ќе сакате да го направите.
Ова јадење можете да го послужите и како главно и како прилог.
Состојки:
- 500 г карфиол
- брашно
- лебни трошки (презла)
- сол
- масло
- 4 јајца
- 200 г кисела павлака
- 100 мл јогурт
- 4-5 чешниња лук
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Раздвојте ги цветовите од карфиолот, сварете го малку во посолена вода,. Потоа исцедете го и исушете го. Цветовите карфиол посолете ги, зачинете со бибер. Секој цвет извалкајте го во брашно, изматени јајца па во лебни трошки.
Така подготвени редете ги во намрсен сад за печење. Во преостанатото разматено јајце додадете ги павлаката и јогуртот и толчен лук. Измешајте, па прелејте го врз карфиолот, одозгора по вкус може да додатете сецкан магдонос. Печете на 200 степени Целзиусови 40-45 минути.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK