Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеШто можеме да подготвиме од црница?

    Што можеме да подготвиме од црница?

    petel baner

    Плодовите и кората на црница се собираат од јуни до август, а листовите во пролет. Дрвото не напаѓаат штетници или болести, па затоа е еколошки плод. Бобинките може да се јадат свежи или сушени. Во готвењето, црницата се користи како и секое друго овошје – од него можете да направите сок, џем, сладолед, сос, да ја користите за подготовка на десерти и колачи.

    Дудинката или црница е малку заборавено, но вкусно овошје кое расте поединечно засадено или диво. Во нашиот регион среќаваме црни, црвени и бели сорти, додека во светот ги има околу стотина.

    Otkup na kompiri

    Што можеме да подготвиме од црница?

    Чај од листови од црна дудинка

    50 грама листови црница прелијте ги со половина литар врела вода и оставете десет часа. Процедете и пијте во текот на денот.

    agrounik

    Сируп против треска, воспаленија и запек

    Во половина литар вода ставете килограм бобинки од црна дудинка и додадете две лажички јаболков оцет. Оставете го да отстои 24 часа. Следниот ден измешајте ја смесата со килограм кафеав шеќер или друг природен засладувач по ваш избор (стевиа, мед, јаворов сируп) и варете до саканата густина. Истурете во стерилизирани шишиња и пијте неколку пати на ден разредена со вода.

    Не претерувајте со консумацијата на овошје, бидејќи може да предизвикаат халуцинации и дигестивни проблеми.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кората од црница

    Уште од времето на Диоскорид, горчливата кора од коренот на дудинката се користи како лек против цревни паразити. Кората лекува болести на цревата, желудникот, диспепсија и помага при труење со храна, алкохол и печурки. Прашокот што се добива од кората се користи надворешно во вид на лак за побрзо зараснување на раните, а лушпата од кората се пие против висок крвен притисок.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img