Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиНатпревар за најдобри вина и ракии во Неготино

    Натпревар за најдобри вина и ракии во Неготино

    petel baner

    Натпреварот за најдобри вина и ракии од индивидуални производители и семејни винарии че се одржи во организација на општина Неготино.

    Натпреварот ќе се одржи на 10 февруари. Мостри на ракии и вина можат да се достават најдоцна до деветти февруари, во зградата на општина Неготино.

    agrounik

    -И годинава ќе се дегустираат вина и ракии од индивидуални производители. Настанот е во рамките на одржувањето на манифестацијата „Неделата на виното-2023 година“. Овој настан  општина Неготино го организира по повод 14 февруари, празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“. Ќе биде организиран натпревар во дегустација на бели, црвени и розе вина од реколтата 2022 година. И ракии од индивидуални производители и семејни винарии. Право на учество имаат производители од Македонија, соопшти Методи Митрев, портпарол во локалната самоуправа.

    Otkup na kompiri

    Натпреварот ќе се одржи на 10 февруари, а  мостри на ракија и вина можат да се достават најдоцна до деветти февруари, во зградата на општина Неготино.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

     – Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од членови на Здружението на енолози на Македонија. За производителите на најквалитетни ракии и вина се предвидени награди и признанија,  ќе им бидат доделени на централната прослава, што ќе се одржи на 14 февруари на градскиот плоштад во Неготино, појасни Митрев.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img