Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро ЗабаваПашканат - ароматичен и многу здрав зеленчук

    Пашканат – ароматичен и многу здрав зеленчук

    petel baner

    Има многу причини зошто треба да додадете токму пашканат во вашата секојдневна исхрана.

    Со пашканат се регулира крвниот притисок, се зајакнуваат крвните садови, се подобрува функцијата на бубрезите…

    Сите делови на ова извонредно растение имаат карактеристичен, силен и пријатен, ароматичен зачинет мирис и сладок вкус. Мирисот и вкусот на пашканатот доаѓа од неговото ароматично масло, кое најмногу го има во самите плодови, често и до 3,5 проценти.

    Otkup na kompiri

    Ова растение чиј корен има посебна арома и вкус потсетува на морков, само што е бел по боја, е совршен додадок за подготовка на нискокалорични рецепти.

    Пашканатот е далечен роднина на морковот, целерот и магдоносот и е коренест зеленчук кој успева во предели со ладна клима. Богат е со белковини, јаглехидрати, целулоза, натрум и други микроелементи. А има нула проценти масти и холестерол, што го прави совршен за нискокалорични јадења.

    При купување барајте ситни или средни корења, затоа што крупните се повеќе фиброзни. На допир коренот треба да биде цврст, без кафеави дамки или набори. Во фрижидер се чува неизмиен и завиткан во хартија, на темно и суво место, без директен допир од сончева светлина.

    Пашканатот е двегодишна билка која е богата со етерични масла, минерали, влакна и разни витамини како што се Б, Ц и Е.

    Меѓутоа, од сето наведено, пашканатот најмногу се користи како богат извор на калиум. Што го прави совршена намирница за чување на здравјето, особено кога станува збор за здравје на срцето, белите дробови, црниот дроб и бубрезите.

    За што е сѐ добар пашканатот?

    Едно од најпознатите својств на оваа билка е она диуретичкото. Имено, како такво добро служи за исфрлање на вишокот на вода од телото. Освен тоа, благотворно делува и за регулирање на крвниот притисок, здравје на крвните жили, лекување на грчеви во стомакот. Здравје на срцето, покачена телесна температура, проблеми со варењето. Има уште многу причини зошто е добро пашканатот да се употребува во секојдневната исхрана.

    Го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, богат е со топиви влакна кои освен што го снижуваат нивото на холестерол во крвта и со тоа делуваат превентивно против дијабетес. Го подобруваат и варењето олеснувајќи ѝ го на храната патот низ дигестивниот тракт. На тој начин го намалуваат ризикот од гастроинтестинални болести. Пашканатот помага и за слабеење. Има многу малку калории, а топивите влакнаво него спречуваат лачење на хормонот грелин кој е одговорен за чувството на глад и потребата за грицкање помеѓу оброците.

    agrounik

    Пашканатот го јакне и системот за имунитет, а помага и за чување на бременоста. Имено, пашканатот содржи импресивна количина витамин Б9, односно, фолати. Чија активност се поврзува со оптимализирање на метаболичките процеси што е посебно важно во текот на развој на плодот во бременоста. Но и подоцна во растот и развојот на детето.

    Како да се употребува?

    Пашканатот може да се искористи цел – од листовите до коренот. Најчесто се користат неговите корни кои може да се додават во разни супи или варива на истиот начин како што ги додаваме и морковите. Од друга страна, листовите можат да се користат како зачинска билка, исто како што се користи и магдоносот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кога станува збор за чувае на пашканатот, најдобро е да го чувате во фрижидер, но претходно ставете го во кесичка за храна од која ќе го истиснете воздухот. Освен тоа, треба да бидете внимателни со него заоа што содржи многу етерини масла кои можат да предизвикаат алергиски реакции. Задолжително измијте ги рацете откако сте го фаќале пашканатот со раце.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img