Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

More
    домаАгро советиЗамрзнување и одмрзнување месо - Како да спречите расипување

    Замрзнување и одмрзнување месо – Како да спречите расипување

    Чувањето и складирањето на месото во прехранбената индустрија вклучува процеси на замрзнување и одмрзнување. И двата од овие процеси мора да се спроведат според добро воспоставени правила. Треба да се земат предвид сите ризици и да се избегне потенцијалната можност за расипување.

    Секој производител, без разлика дали произведува на големо или на мало, мора да биде сигурен дека храната што ја произведува и пласира на пазарот е исправна и безбедна за здравјето на луѓето. Важно е да се знае дека храната може да биде безбедна само ако се почитуваат стандардите.

    Кога станува збор за месото, како една од високо расипливите намирници, мора да имаме на ум дека постојат правила. Тие мора да се почитуваат при замрзнување и одмрзнување на месото.

    Замрзнување месо

    Замрзнувањето се користи како процедура за зачувување на храната. Пред да го ставите во замрзнувач, месото мора да се излади, за да се намалат наглите температурни флуктуации.

    Кога на месото се формираат ледени кристали, микроорганизмите престануваат да растат, но тие не се уништуваат. Добрите практики на замрзнување, како и одржувањето на константна температура во просторијата за складирање на замрзнато месо, го спречуваат растот на микроорганизмите и негативното влијание на ледените кристали врз квалитетот на месото.

    Должината на складирање на замрзнатото месо не е одредена со прописите за хигиена на храната. Самиот производител го одредува рокот на траење на свежото или замрзнатото месо. Меѓутоа, барањата за контрола на температурата на меленото месо, месните полупроизводи и механички одвоеното месо се утврдени со прописите за посебните хигиенски барања за производите од животинско потекло. Наведената температура мора да се одржува за време на складирањето и транспортот.

    На рокот на траење на замрзнатата храна влијаат видот на животното и видот на производот. Потоа, видот на пакувањето, брзината на замрзнување, но и варијабилноста на температурата.

    Одмрзнување на месото

    Кога месото ќе се одмрзне, мразот се топи и течноста се ослободува, со што се создаваат услови за развој на микроорганизми.

    Треба да се избегнува месото да стои во одвоената течност. Течноста формирана за време на одмрзнувањето треба да се отстрани на соодветен начин. Исто така, важно е да се спречи оваа течност да се прелее на друго месо или храна при отворање на пакувањето.

    Процесот на одмрзнување треба да се одвива и под контролирани услови на температура и време, за да се обезбеди стабилно и постепено, а не нагло зголемување на температурата.

    Откако ќе се одмрзне меленото месо, месните полупроизводи и механички одвоеното месо не смеат повторно да се замрзнуваат, пред се затоа што овие производи може да имаат поголем број бактерии од свежо разладеното месо.

    Замрзнување откако ќе се одмрзне месото е можно само со претходна проверка на нивото на бактериска контаминација. Овој вид месо може да се користи само со преработка во термички обработени месни производи.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img