Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиРеволуционерно истражување: Дали сме на прагот на биоразградливо пакување на храна за...

    Револуционерно истражување: Дали сме на прагот на биоразградливо пакување на храна за јадење?

    petel baner

    Биоразградливо пакување во спреј може да го продолжи рокот на траење на храната. Може да го намали отпадот и да ја зголеми безбедноста на храната.

    Биоразградлива амбалажа со спреј за храна е развиена од тим научници од Рутгерс и Универзитетот Харвард, известува Food Tank. Откритието може да го продолжи рокот на траење. Може да го намали отпадот од храна и пластика и да ја зголеми безбедноста на храната.

    Otkup na kompiri

    Пластичната амбалажа претставува закана за животната средина и здравјето на луѓето. Во 2018 година, САД произвеле 35,7 милиони тони пластика, од кои 75 отсто завршиле на депонии.

    „Отпадот на храна и безбедноста се меѓу главните грижи на нашето општество, особено во периодот на КОВИД-19 “, вели Хуибин Чанг, научен соработник за биоинженерство на Универзитетот Харвард. Тој беше вклучен во развојот на спрејот за пакување. Тој објасни дека повеќето пакувања на храна не се биоразградливи.

    agrounik

    Биоразградливо пакување

    Решението е пронајдено во форма на спреј чија главна состојка е пулулан. Тоа е јастиво влакно признаено како безбедно од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) и се користи како облога за таблети. Бидејќи е мешавина од биоразградливи полимери и нетоксични растворувачи, може да се измие со вода.

    Истражувањето се уште е во рана фаза на развјо. Научниците работат на тоа финалниот производ да биде што поисплатлив и одржлив. Според Ритва Крист, маркетинг менаџер на германскиот стартап Traceless, кој произведува одржливо пакување од природни материјали, се очекува овој изум да има големо влијание, но не може да биде единственото решение за решавање на проблемот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Нишада Џајасундаре, еколошки токсиколог од Универзитетот Дјук, наведува дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди точно како се разградуваат таквите супстанции, дали создаваат штетни соединенија откако ќе се измијат и какво е нивното влијание врз животната средина.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img