Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваПродолжете го животот на орхидеите со кора од банана

    Продолжете го животот на орхидеите со кора од банана

    petel baner

    Орхидеите се кралици на цвеќињата, но нивното одгледување може да биде предизвик и за искусните љубители на цвеќиња.

    Со цел орхидеите да живеат колку што е можно подолго, може да ви помогне овој многу едноставен рецепт за хранлив раствор, кој ќе им ги обезбеди сите потребни хранливи материи.

    Секој што сака орхидеи знае колку се деликатни и нежни овие цвеќиња. Покрај умереното наводнување, на орхидеите им се потребна храна и ѓубриво затоа што во почвата нема доволно хранливи материи.

    Otkup na kompiri

    За подготовка на растворот за ѓубриво, потребна ви е кора од банана, која содржи фосфор, магнезиум и калиум т.н. златни супстанции за долговечност на растенијата. Овие микроелементи се додаваат во почвата во количини кои не се штетни за цвеќињата. На овој начин, орхидеите ќе изгледаат здраво за време на цветањето.

    За овој едноставен рецепт за подготовка на ѓубриво ви се потребни вода и кора од банана.

    Начин на подготовка:

    1. Ставете две кори од банани во два литри вода.

    agrounik

    2. Оставете ги два дена да отстојат во водата.

    3. Процедете го растворот и разредете го со вода во сооднос 1:1. Наводнете ја орхидејата со тој раствор исто како што обично ја наводнувате.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Со кората од банана можете да ги исчистите и лисјата на орхидејата. Нежно поминете со кората по лисјата и тие ќе добијат сјај и ќе апсорбираат корисни хранливи материи.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img