Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиНаправете природен освежувач - Наполнете тегла со ориз и додадете ја оваа...

    Направете природен освежувач – Наполнете тегла со ориз и додадете ја оваа состојка

    petel baner

    Според Агенцијата за заштита на животната средина (EPA), воздухот во затворените простории е типично 2-5 пати позагаден од надворешниот воздух. Како да направите природен освежувач со помош на ориз, прочитајте во продолжение.

    Тоа е затоа што внатрешните простори, како што се домовите и канцелариите, дозволуваат загадувачите да се акумулираат и концентрираат.

    Otkup na kompiri

    За природен освежувач ќе ви требаат:

    • Стаклена тегла
    • Ориз
    • Етерично масло по ваш избор

    Оризот ќе ги впие сите мириси на етеричното масло, па собата за миг ќе биде миризлива.

    Овој целосно природен мирис ќе остане во вашиот дом до неколку месеци и е многу подобар од освежувачите за воздух купени во продавница, кои се полни со хемикалии и содржат канцерогени материи кои можат да влијаат на работата на хормоните.

    Можете да изберете било кое миризливо масло, но најефективно во отстранувањето на мирисот е маслото од маточина.

    Подготовка

    Наполнете ја теглата со ориз.

    Додадете 10 до 20 капки од вашето омилено етерично масло.

    Покријте, а потоа добро протресете за рамномерно да се распореди маслото низ оризот.

    agrounik

    Отстранете го капакот, покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумена лента.

    Кога ќе се намали интензитетот на мирисот, само протресете ја теглата или додадете уште неколку капки масло.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Освежувачот можете да го чувате во одредени простории или пак да го ставите во гардеробер за облека.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img