домаАгро ВестиЕдна фарма, два пожари - за четири дена изгореа 3.300 свињи

Една фарма, два пожари – за четири дена изгореа 3.300 свињи

Prokredit baner

Два пожари за четири дена – Првиот пожар избувнал во четвртокот, а вториот во неделата, пред пладне. Штетата е во милиони

Во провинцијата Долна Саксонија, на северот на Германија, во општината Дорпен, фарма за свињи изгоре двапати за само неколку дена. Според последните податоци изгореле 3.300 свињи, а штетата е милионска, пишува нордњуз. 

Семенарна хоризонтален банер

Задниот дел на фармата првпат беше зафатен  од пожарот во четвртокот, при што загинаа 800 животни.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Само три дена подоцна, во неделата нешто пред пладне, пожарникарите и полицијата морале повторно да излезат на повик откако случаен минувач забележал силен чад. Од сè уште неразјаснети причини се запали предниот, претходно недопрен дел од фармата. Ангажиран е голем контингент од околните противпожарни единици.

Во првиот пожар е направена штета од 1,5 милиони евра. Помеѓу двете згради, кои се поврзани со покрив, имаше систем за греење на дрва. Причините се уште се утврдуваат. 

Petel.mk
Два пожари за четири дена во свињарска фарма

Според првите проценки, материјалната штета е најмалку 3,5 милиони евра.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img